Иако на вчерашниот меч од Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Арсенал немаше наши играчи, сепак на стадионот во Франкфурт имаше македонски симбол. На трибината се појави македонското знаме од Кутлеш.

Тоа стоеше закачено на целиот меч а по голот на Саха од Арсенал тој со бакнеж отпоздрави кон делот на трибината каде беше закачено знамето.