Стефан Кари го продолжи одличниот старт на сезоната поставувајќи нов шутерски рекорд во НБА лигата. На дуелот против Њу Џерси, Кари погоди седум тројки со што дојде до најдолгата низа на последователни средби на коишто погодува барем по пет шутеви за три поени.

За Кари, таа серија е седум натпревари, со што го надмина претходниот рекорд што го постави Џорџ Меклауд во сезоната 1995-1996.

Со ваквата шутерска претстава, Кари се проби на првото место на најдобри стрелци сезонава со просечни 33,9 поени по натпревар.

Резултати од синоќешните натпревари

Бруклин – Голден Стејт  114-120

Далас – Јута  104-113

Оклахома – Феникс  117-110

ЛА Клиперс – Вашингтон  136-104