Леброн Џејмс покажа дека му годи да игра во Мајами. Во своето прво гостување на местото каде што го одигра најуспешниот дел од својата кариера и освои две НБА титули, Џејмс го одигра најдобриот натпревар сезонава постигнувајќи 51 поен, со што ги предводеше ЛА Лејкерс до победа од 113-97.

За „Кралот Џејмс“ тоа е 12. пат како ја надминува границата од 50 поени, а таквиот ефект го најави од самиот почеток со 19 поени постигнати во првата четвртина. За да биде неговит настап уште поимпресивен, Џејмс додаде и осум скокови, три асистенции, две украдени топки и една блокада.

Со оваа победа „езерџиите“ дојдоа до скор од девет победи и седум порази со што се пробија на седмото место во Западната конференција.

Резултати од синоќешните натпревари

Мајами – ЛА Лејкерс  97-113

Минесота – Мемфис  87-100

Орландо – Њујорк  131-117

Вашингтон – Портланд  109-119

Сан Антонио – Голден Стејт  104-92