Александар Зверев го осви АТП мастерсот во Лондон откако вечерва во два сета убедливо го победи Новак Ѓоковиќ, тенисерот број 1 на светската ранг листа.

Зверев вчера го „преслуша“ Роџер Федерер, а вечерва во О2 арената во Лондон и Новак Ѓоковиќ со 6-4 6-3. Тоа беше извонредна вечер на Зверев кој покажа дека во една недела не може двапати да изгуби од Новак.

Комантаторите пак истакнаа дека „Иван Лендл не може да изгуби двапати во една недела“.

Ѓоковиќ доби голем аплауз од публиката, а на противникот му ја честиташе победата велејќи дека играл подобро отколку во групната фаза.

Зверев со 21 година стана најмладиот освојувач на завршниот мастерс.