Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, првпат во кариерата беше поразен во финале на европски купови. Доцна синоќа, италијанскиот тим загуби од Севилја во финалето на Лига Европа на пенали (1:1, 1:4).
Претходно, тимовите на Мурињо секогаш ги освојувале финалињата во европските купови: Порто (2003 Куп на УЕФА и Лига на шампиони 2004), Интер (Лига на шампиони 2010), Манчестер јунајтед (2017 Лига Европа) и Рома (Лига на конференции-2022).
Рома вторпат во својата историја игра во финалето на Лига Европа (Купот на УЕФА) и вторпат е поразена.
Comments are closed for this post.