Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, одби да го преземе тимот на Бенфика, објави шпанскиот дневен спортски весник „АС“.
Според весникот, раководството на португалскиот тим сака Мурињо да биде нов тренер на португалскиот гигант по отпуштањето на Руи Виториа. Сепак, таа желба нема да им се исполни, затоа што португалскиот фудбалски стручњак ја одбил понудата на лисабонскиот клуб.
Мурињо се уште е без работа откако доби отказ од Манчестер Јунајтед. Од друга страна, Бенфика го отпушти Виториа во четвртокот поради слабите резултати на тимот.
На местото на Мурињо, Манчестер јунајтед го постави Оле Гунар Солскјер.
Comments are closed for this post.