Денеска почина еден од најдобрите југословенски фудбалери Драгослав Шекуларац. Популарниот Шеки кој е наречен крал на дриблингот беше синоним за Црвена Ѕвезда и како и играч и како тренер.

Ги водеше црвено-белите пред крајот на осумдесеттите години кога се создаваше генерацијата која во 1991 година стана европски шампион.