Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, доколку закрепне од повредата на време, ќе биде во тимот на Златко Далиќ за натпреварите против Унгарија и Велс во октомври, без оглед на препораките од Реал Мадрид да ја „прескокне“ таквата акција.
Како што се наведува, Модриќ воопшто не се двоуми да излезе во пресрет на националниот тим на престојните квалификации за ЕУРО.
Се очекува Модриќ, кој за Реал не играл од 1 септември, но играше за Хрватска и Азербејџан кога се повреди, да се појави на подготовките на 7 октомври во Сплит.
Од Реал не се среќни што 34-годишниот фудбалер сака да игра, бидејќи сакаат подготвен да ги дочека клубските обврски.
Модриќ е познат по тоа што никогаш не ги бира натпреварите на Хрватска, без оглед што е член на најтрофејниот клуб во светот.
Comments are closed for this post.