Кога фудбалски фан ќе стапне на стадионот на Борусија веднаш ќе му стане јасно зошто овој клуб се нарекува „милионерите“.  Борусија од сѐ прави пари и затоа можеби е еден од најбогатите во Гераманија. Екипата на „Пресинг ТВ“ имаше можност да влезе во овој фудбаски храм и остана воодушевена.

Турата на стидинот „Сигнал идуна парк“ наречен по еден од спонзорите или „Вестфален“ како што сите го знаеме започнува со влез на трибините од каде се фрла прекрасен поглед на теренот кој е во одлична состојба. Оттаму се оди во потрибинскиот простор каде на фановите им се приредува вистинско уживање.

Прво следува влез во соблекувалните а потоа во неколку групи се се поминува низ тунелот кој води директно на терен.Влегувањето е пропратено со навивачка музика, чиниш влегуваш на дуел против Баерн Минхен на преполн стадион. И сето тоа за девет евра.Вреди за сите пари.

На крајот следи посета на фан шопот во кој нема ништо поефтино од пет евра и кој те привликува народски кажано да ги оставиш парите. Чаши, сувенири, шалови, маици, но и дреесови за 120 евра.