Убаво е да се верува во чуда но и тие не се случуваат двпапати. Македонската бајка дека е можно по Европското да играме и на Светско по се изгледанема да се случи. Веројатност се уште постои но за нас треба да одиграат и Романија и Ерменија.

Македонија на овој меч одгигра две целосно различни полувремиња. Ако за првото може и да се каже дека париравме на германската игра во второто се случи целосен распад систем.

Ова директно оди на душа на селекторот Милевски кој целосно згреши со тактиката. По излегувањето на Адеми, погреши и со измените. Неразбирливо е како може да им се остави толку простор на Хаверц, Вернер, Гнабри и Милер да се размавнат. На нив мораше да се игра на човек, онака како што играме на првиот меч со Германците.

Разочарување е и Јаховиќ кој никој и не примети дека беше во игра. Алиоски целосно индиспониран, Елмас повеќе се расправаше отколку што играше. Ова е резултат на недисциплинираната игра.

Трајковски мораше да влезе во игра, особено кога нападот  беше целосно остечен и на крајот на силите.

Тоа е што е, но се чини дека Милевски е веќе потрошен. Не само поради овој меч , туку со испуштената победа на Исланд и двете реми со Еременија и со Романија.

Врати се Мрме, Лигата на нации почнува следната година.

 

Милевски: Со Германија не можe да се игра едно полувреме

Селекторот Милевски по мечот објасни зошто ни се случи дебакл.

„Адеми е важен играч за тимот, и тоа како важен во тие тактички замисли. Имавме и после неговата замена проблеми додека фати ритам Спировски. Подоцна беше добро. Каде се распаднавме? Против Германија не е доволно да се одигра само едно полувреме. Мора да се биде на ниво сите 90 минути ако сакаш позитивен резултат. Во спротивно секоја грешка ја казнуваат, и тоа се случи“, вели Милевски.