Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се повреди на натпреварот од 8. коло во Серија А против Наполи (3:1). Утринските тестови откриле повреда на левиот колк кај шведскиот фудбалер. Според првичните процени, фудбалерот ќе пропушти 3 до 4 недели, пренесува „Скај Спорт“.

Точното време на закрепнување на 39-годишниот Швеѓанец ќе стане познато по деталните медицински прегледи.

Оваа сезона, Ибрахимовиќ има одиграно шест натпревари во Серија А, на кои постигна 10 погодоци и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за „росонерите“.