Најдобриот играч на светот Лионел Меси е разочаран за се што се случуваше на Копа Америка.Тој ја обвини Јужноамериканската федерација дека го наместила првенството со цел да победи домаќинот Бразил кој вечерва го игра финалето со Чиле.

Капак на се беше црвениот картон што го доби аргентинскиот капитен во 37 минута, по инцидентот со репрезентативецот на Чиле Гари Медел кој исто така беше исклучен од игра. Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.

Мислам дека денеска добив црвен картон поради моите поранешни зборови за судиите на првенството, ова е навистина срамно, изјави Меси.