Дербито меѓу Евертон и Ливерпул, кое понуди неколку интересни ситуации и заврши без голови, е официјално најгледаниот натпревар во историјата на Премиер лигата.

Пет и пол милиони луѓе во Велика Британија го проследија натпреварот на „Гудисон Парк“ во живо. Ова се официјалните бројки од „Скај спорт“ – телевизијата што го емитуваше вчерашниот натпревар.

Претходниот најгледан натпревар во Велика Британија, што го пренесуваше истиот канал, беше победата на Манчестер Сити со 1:0 против Манчестер Јунајтед во 2012 година.

Британската влада му препорача на „Скај“ да направи некои натпревари бесплатни за гледање, поради неможноста на гледачите да бидат на стадионите, во баровите или да го гледаат заедно.

Така, телевизијата натпреварот го емитуваше бесплатно на каналот „Пик“, каде натпреварот го следеа 1,9 милиони луѓе