Единаесетгодишно момче било избодено од маскиран напаѓач додека играло на фудбалско игралиште во мал шпански град јужно од Мадрид, пренесе државната телевизија РТВЕ, пренесе ДПА.
Напаѓачот ненадејно се појавил на игралиштето во Мосехон и го избодел момчето со остар предмет.
До пристигнувањето на Итната служба, момчето доживеало срцева слабост и не можело да биде реанимирано, соопшти телевизијата.
Почната е голема потрага по непознатиот напаѓач.
Премиерот на шпанската област Кастиља – Ла Манча, Емилијано Гарсија-Паже, изрази шок и сочувство со семејството на момчето и повика на брзо приведување на сторителот
Comments are closed for this post.