Маракана. Најголемиот стадион во Србија и на Балканот. Навивачите се горди што имаат ваква “светиња“ изградена во 1963 година.
Овој стадион буквално пропаѓаше и во во 2014 година немаше ниту струја, ниту пари за бојадисување на просториите, а реновирањето на стадионот беше невозможно поради беспарицата во која се најде Црвена Звезда.
Честопати терените не се полеваа, немаше вода, а стадионот беше обраснат со плевел како напуштена куќа. Се почна да паѓа како домино, а одговорните мораа да најдат начин да го спречат колапсот по секоја цена
Сега Маракана блеска со поинаков сјај, европски.
Comments are closed for this post.