Актуелниот шампион и лидер во Премиер лигата, Манчестер сити стана најскапиот клуб во Англија според резултатите од финансиските истражувања, јавува БиБиСи.
Вредноста на „граѓаните” на крајот на сезоната се проценува на 2,364 милијарди фунти.
Клубот го помина во рангирањето лутиот градски ривал Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи” оваа година изгубија во вредност од 376 милиони и паднаа на второто место со 2.087 милијарди фунти.
Цената на Сити се зголеми за 385 милиони евра.
Тотенхем е меѓу првите три најскапи клубови – 1.837 милијарди. По него следуваат Ливерпул (1.615), Челзи (1.615) и Арсенал (1.368).
Останатите клубови значително заостануваат на оваа ранг листата. Седми е Барнли со „скромни” 398 милиони, а најевтиниот клуб е Свонси со 167 милиони.
Comments are closed for this post.