Македонската судиска двојка Начевски и Николов откако страстите се смирија ги икоментираа последните моменти од финалето меѓу Хрватска и Шпанија. Посебно се осврнаа на чекорите на љубимецот на Вардарци и критиката од Лино Червар.

Сепак нашите судии се убедени дека ја донеле вистинската одлука и оти сите се увериле дека навистина биле чекори.

Само што се наместив на моја позиција, набрзина ги прегледав позициите на играчите јас што треба да ги контролирам… некако натпреварот одеше кон продолженија. Се спремав психички за тоа. И тогаш слушам свиреж… Знаете ние толку добро се познаваме што веќе знам кога Ѓоко нешто ќе свирне дали го прави тоа со наредба, самодоверба…овде како да почувствував доза на воздржаност, да не кажам каење…
– Што се случи, што досуди?
Тишина, неколку секунди нема одговор од Ѓоко…
– Што досуди бе?!
– Судев чекори…
– Абе се судат ли вака чекори во 59 минута???
– Смири се, чекори беа, изброив најмалку шест“-ја раскажува Николов комуникацијата со колегата Начевски за G sport.