Македонските одбојкари ги финализираат подготовките за историскиот настап на Европското првенство во Словенија, а примачот во нашиот табор Александар Љафтов верува во оваа селекција дека може со победа да го стартува континенталнот собир.

Во мислите треба да имаме дека можеме тоа да го направиме. Прв натпревар е, можеби ќе има трема, мал грч, но дури и да го загубиме првиот сет, не треба да се предаваме, треба да се бориме до крај за секој последен поен. Се надевам, односно знам дека можеме да го направиме тоа”, убеден е примачот Александар Љафтов.

И покрај тоа што фаворитската улога со задоволство ја препуштаат на противниците, оптимистички тонови испрати средниот блокер Ристо Николов.

Еве јас ќе бидам првиот што ќе кажам дека сме поквалитетни од нив и навистина верувам дека в четврток ке ја израдуваме македонската јавност”,

Македонија утре ќе дебитира на европска сцена и први бодови ќе брка против селекцијата на Финска. Натпреварот на програмата е  закажан од 17:30 часот.