Кадетската репрезентација на Македонија загуби по втор пат на Светското првенство, вечерва фаворитот Данска славеше со 29-26.
Данило Брестовац, селекторот на националниот тим, истакна дека и покрај подобрената игра, сепак, жали за поразот.
„Можеби игравме подобро. Но и најгрдата победа ми е поубава од најубавиот пораз. Задоволен сум дека одиме во нагорна линија, почнавме да функционираме понормално. Можеме да влеземе и во ротација. Имавме промена за разлика од првите три натпревари. Фокусот е ставен на осминафиналето и на противникот. За нешто повеќе против Данска ни фалеше голман во второто полувреме. Во првиот дел бевме одлични, имаше некои технички грешки. Мора да сме реални, Данска е меѓу најдобрите во младинските категории. Не сакам да се занесувам дека сме одиграле којзнае каков натпревар, беше коректно, за нешто повеќе ни требаа неколку фактори плус“, изјави Брестовац.
„Црвено-жолтите“ имаат обезбедено пласман во осминафинале, а во последното коло ќе бркаат победа за подобар пласман. Наш следен противник е селекцијата на Јапонија, која е втора на табелата со шест бода. Мечот е на програмата утре со почток во 20:30 часот.
Comments are closed for this post.