По убедливиот пораз од Шпанија вчера македонските ракометари денеска го играат најважниот натпревар на светското првенство во Германија против Исланд. Поуспешниот ќе ги продолжи натпреварите во следната фаза како третопласиран.

Нашите ракометари се фокусирани на натпреварот кој се игра во 18:00 и може да значи пласман меѓу најдобрите. По успешниот старт против Јапонија и Бахреин нашите доживеаја два порази од Хрватска и Шпанија. Им преостанува натпреварот ротив Исланд кој и пред првенството беше посочуван како клучен.

Ова за нас ќе биде еден вид финале, изјави синоќа по натпреварот со Шпанија капитенот Кире Лазаров.

Хрватска и Шпанија ќе играат од 20:30 за првото место.