Веднаш по отворањето на терените на тенискиот клуб “Татои” во близина на грчката престолнина, следеа и првите дуели за тенисерите на осумте репрезентации учеснички на натпреварите во третата европска група.

Првиот натпревар во текот на денешниот ден тенисерите од нашата репрезентација ги играат со Естонија, најсилната репрезентација во групата, која беше и носител на групата.

Во првиот натпревар, Димитар Грабул загуби со 2-0 (6-2 и 6-4) од естонскиот тенисер Кенет Рајсма, а во продолжение следи мечот на Горазд Србљак, а потоа и натпреварот во двојки.

Утре, Македонија ќе игра со Латвија, а во петок против Црна гора.

Македонија на вчерашната ждрепка е извлечена во Групата Б, заедно со Естонија, Латвија и Црна Гора за престојниот Дејвис Куп во Атина.