Одбојкарската репрезентација на Србија ја совлада домашната и фаворизирана Франција со 3:2 (по сетови 23:25, 25:23, 25:21, 17:25, 15:7) во полуфиналето на Европското првенство во одбојка и си закажа финале против сензацијата Словенија.
Словенија е репрезентацијата која загуби од Македонија во групната фаза.
Во прекрасен меч во Берси Србите ги замолкнаа домашните навивачи кои се надеваа на финале.
Србите и Словенците беа аутсајдери на хартија во полуфиналните двобои, но со победите над Франција, односно Полска, заслужија да играат во големото финале. Србија синоќа најде сили да се бори и против 15-илјадната публика во Париз, па во решавачкиот петти сет имаа повеќе концентрација од домаќините.
Comments are closed for this post.