Српските навивачи со свирежи го проследија едноминутниот молк посветен на поранешниот француски претседател Жак Ширак на вчерашното полуфинале на Европското првенство помеѓу Франција и Србија.

Гласни свирежи се слушаа во салата Берси за неверување на домашната публика. Српките навивачи велат дека на таков чекор се одлучиле поради тоа што Ширак бил еден од најголемите заговарачи Србија во 1999 година да биде бомбардирана од страна на НАТО.