Букурешт ќе може да дозволи присуство на гледачи на натпреварите од ЕП кои ќе се играат на тамошната Национална арена и тоа во однос 25% од вкупниот капацитет. Токму на овој стадион Македонија ќе дебитира на европските првенства и тоа против Австрија на 13-ти јуни. Тоа значи дека на стадионот ќе може да присуствуваат околу 13.000 навивачи. Ова е одлучено на состанокот на Интерминистерскиот комитет на ЕУРО 2020-та во Романија. Во Букурешт Македонија ќе игра уште еден меч и тоа против Украина на 17-ти јуни, а со Холандија ќе играме во Амстердам.
Останува да се види какви ќе бидат протоколите до тогаш, односно дали и на кој начин македонските граѓани ќе може да патуваат во овие земји каде Македонија ќе ги игра своите мечеви од историското ЕП.
Comments are closed for this post.