Лука Дончиќ, е вистинска сензација во НБА лигата. Словенецот кој минатата сезона беше прогласен за најдобар кошаркар во Евролигата, по само месец ипол најави дека е на добар пат да се наметне како еден од најдобрите поединци и во американската НБА.

Бројките на Дончиќ го поставуваат при врвот во сите статистички категории меѓу дебитантите, но со своите настапи, чувството за игра и кошпаркарската визија, Лука се поцеќе се наметнува како еден од најатрактивните и најинтересни за гледање кошаркари во лигата.

Толкав е впечатокот што Дончиќ го остави во американската јавност што тој доби и песна посветена за него. Џејсон Галагер и Ајзак Ли направија преработка на легендарната нумера на Леонард Коен, „Алелуја“, којашто ја преименуваа во „Алелука“. Специјално за него, овие двајца настапија во живо за време на еден тајмаут во првото полувреме на натпреварот меѓу Далас и Хјустон.

Тој настап, очигледно, го мотивира 19-годишниот Словенец, кој во последните три кинути постигна 11 поени по ред со што го сврте заостанувањето на неговата екипа од осум во предност од три поени, и во конечен триумф.