Екипата на Ривер Плејт е шампион на Јужна Америка, откако вечерва во Мадрид во реваншот од контроверзното финале го совлада тимот на Бока Јуниорс со 3:1.

До трофејот Ривер дојде по дополнителни 30 минути, бидејќи основните 90 завршија нерешено 1:1.

Стрелци на головите за победничкит тим беа Прато (68. минута) Квинтеро (109) и Мартинез (120+2). За Бока погоди Бенедето во 44.минута.

Бока Јунирос натпреварот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Бариос во 92.минута.

Првиот натпревар заврши нерешено 2:2.

Реваншот се одигра во Мадрид поради безбедносни причини по инцидентот кога во Буенос Аирес навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку играчи.