Лука Модриќ ќе добие нов договор со Реал Мадрид кој ќе важи до 2021 година. За ова пишува шпанскиот весник Марко, но интересно е како капитенот на хрватска добил продолжување на договорот.
Во договорот со Модриќ стои клаузула дека Реал Мадрид автоматки ќе му го обнови договорот на една година ако ја освои Златната топка. Тоа и се случило и на Сантјаго Бернабеу останува уште две сезони.
Весникот наведува дека лошите резултати сезонава и некои други околности го спречиле Реал Мадрид да ја објави оваа вест, но тоа ќе се случи следните денови.
„Сакам да се пензионирам на Сантјаго Бернабеу“ често изминатава година изјавуваше Модриќ.
Минатото лето многу се пишуваше за можниот трансфер на Модриќ во Интер кои не криеја дека сакаат да го донесат на нивниот терен. Реал веќе го продолжи договорот со Тони Крос, а сега тоа ќе го направи со Модриќ и Начо Фернандез. Тренерот Зинедин Зидан со ова полека го склопува тимот за идната сезона во која кралевите мора да испратат горчливиот вкус бидејчи во оваа беа катастрофални.
Comments are closed for this post.