Луис Хамилтон ќе го предводи Ф1 карaванот на стартот на трката за големата награда на Бразил на Интерлагос. Себастијан Фетел кој одамна ја загуби битката за шампионскиот трофеј ќе му прави притисок на ривалот со кого всушност на двете завршни трки од сезоната ќе ја водат војната на Мерцедес и на Ферари за конструкторската титула.

„Битката со Ферари е тешка. Ова е како боксерски меч. Секогаш кога ќе зададеш добар удар, тие се враќаат со нов. Затоа ова е битка за секој резултат. Од тренинзите, преку квалификациите се до трката“ – вели шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Во пресрет на трката во Бразил, Мерцедес има 585 бода, 55 повеќе од Ферари. И вторите возачи на двата тима се во игра за највисок пласман. Ботас и Раиконен ќе бидат во вториот стартен ред.