Фудбалерите на Тотенхем го прославија историскиот пласман во финалето на Лигата на шампионите.Прославата започна од соблекувалната.

На 1 јуни во Мадрид фудбалерите на англискиот премиерлигаш Тотенхем прв пат во клупската историја ќе играат во едно големо финале на елитната Лига на шампионите, откако синоќа на  неверојатен начин, по една меч за инфаркт го елиминираа најпријатното изненадување во елитата младиот тим на Ајакс со 3-2. Голот на одлука беше постигнат во шестата минута од судиското продолжение.

Избраниците на Покетино големиот триумф започнаа да го слават уште на теренот , а се продолжи и во соблекувалната која може да се каже дека вистински се тресеше под нозете на среќните и радосни фудбалери на Тотенхем.