Печатените медиуми навистина имааат проблем со спортските настани што завршуваат доцна навечер. Пример за тоа е британскиот весник „Дејли Мејл“ кој брзаше да го подготви текстот од синоќешниот натпревар помеѓу Ајакс и Тотенхем во Лигата на шампионите во кој Англичаните до последната минута беа елеминирани.

Текстот и насловната страна со наслов „Heartbreak“ веќе беше  подготвена и тогаш се случи чудо со голот на Моура Тотенхем се пласираше во финалето.

Тогаш одговорните во весникот мораа да подготват нова насловна во која главен лик беше стрелецот Моура.