Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, по победата (4:0) над Црвена звезда во 4. коло од Лигата на шампионите, истакна дека ваквите мечеви позитивно влијаат на тимската атмосфера.

– Задоволен сум од резултатот. Имавме добар натпревар и освоивме три важни бода. Сон докажа дека има силен карактер. Горд сум на овој човек. Ваквите натпревари го прават тимот повеќе обединет. Ние продолжуваме да ги решаваме нашите проблеми, а останува да освоиме уште три бода за да стигнеме до плеј-офот. Играта на Тотенхем оди во нагорна линија и треба така да продолжиме, изјави Покетино.

Во Б-групата од Лигата на шампионите, лидер е Баерн со 12 бода, Тотенхем е втор со седум, Ѕвезда има три, Олимпијакос е последен со само еден бод.