Врз основа на 20-минутна снимка од сигурносна камера, сопственици на јога студио во Њупорт Бич во Калифорнија го обвинија поранешниот НБА кошаркар Денис Родман за вмешаност во две кражби при што е предизвикана штета од илјадници долари.

Али и Аријана Шах, сопственици на „Вајбс хот јога“, изјавија дека со човекот што, наводно, изгледа како Родман, имало друг непознат маж, жена и еден поранешен вработен во клубот.

При втората кражба, Али го гледал чинот во живо. Веднаш повикал полиција и тие стигнале за 10 минути, но дотогаш четворицата криминалци избегале.

И работничката на смена раскажува дека Родман ја замолил да му го покаже студиото.