Лазаров е задоволен од сработеното за време на оваа ЕХФ недела, а следните обврски ќе бидат кон краот на април, односно почетокот на мај.

Комплетно сум задоволен од она што го сработивме во овие девет дена. Го победивме и надигравме светскиот и олимписки шампион. Поставивме мала база на нов систем, играчите се навикнаа на начинот на кој ќе функционираме во иднина. На вториот натпревар промовиравме млади играчи од Суперлигата на кои ќе сметаме во иднина – Аларов, Ѓорѓиев, Младеновиќ, Ѓорговски, Кузманоски, Костески…Имам скоро комплетна слика што треба да работиме на следниот собир, а тогаш ќе инсистирам на надоградба на сработеното, изјави Лазаров за 24Ракомет.