Швајцарскиот специјален обвинител поведе кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавуваат светските медиуми.

Според бројните светски медиуми, вклучително и „Дојче веле“ и „Бличер репорт“, покренати се кривични постапки против претседателот на Светската фудбалска централа.

Специјалниот швајцарски обвинител иницирал кривична постапка во рамките на истрагата за средбата меѓу Џани Инфантино и генералниот обвинител на Швајцарија, Мајкл Лаубер, кој веќе понуди оставка.

Инфантино беше избран за претседател на ФИФА во 2016 година, а претходно беше секретар на УЕФА од 2009 година.