Екипата на Реал Мадрид ја совлада Кашима Антлерс со 3:1, со што се пласира во финалето од Светското клупско првенство. Со овој триумф, европскиот шампион ќе добие шанса да ја брани титулата освоена лани, а истовремено ќе се обиде да дојде и до три триумфи по ред во ова натпреварување.
Лидер на шпанската екипа беше Герет Бејл, кој ги постигна сите три голови. Своето голгетерско шоу го почна на една минута до крајот на првото полувреме, а триумфот на својот тим го потврди со двата гола во 53 и во 55 минута.
Се што Јапонците направија на оваа средба беше почесниот гол што го постигнаа на 12 минути до крајот, кога веќе фудбалерите на шпанскиот тим се опуштија и им падна концентрацијата.
Во финалето, поаследна пречка за Реал Мадрид да дојде до третата последователна титула ќе биде домашната екипа Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.
Comments are closed for this post.