По раскинувањето на договорот со Жозе Мурињо, екипата на Манчестер јунајтед го именува Оле Гунар Солскјаер за привремен менаџер. Со назначувањето, поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ ќе биде на функцијата до крајот на сезонава.

Соскјаер веднаш ќе ја преземе работата со првиот тим на Манчестер и ќе биде на тоа место се додека се бара трајно решение за тренерската позиција. Како што соопштија од тимот, Мајкл Карик ќе продолжи да биде дел од стручниот штаб.

Сојскјаер постигна 126 голови во 366 одиграни натпреари за Манчестер во периодот од 1996 до 2007 година. Најважен од нив беше оној во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година кога Норвежанецот го постигна победничкиот гол во судиското продолжение против Баерн Минхен.

Сојскаер во 2008 стана ренер на младинската екипа на јунајтед пред да биде тренер на норвешкиот тим Молде.