Поранешниот играч на Јувентус, Антонио Конте, во интервју за „Ла Газета дело Спорт” изјави дека на есен му било понудено да го предводи Реал Мадрид, но тој ја одбил понудата.
„Имав можност да го предводам Реал Мадрид, но решив да ја одбијам понудата. Повеќе сакам да работам со тимот од почетокот на сезоната. Покрај тоа, во тој момент, Реал беше во центарот на вниманието, па решив дека не треба да одам таму“, изјави Конте.
Последниот ангажман Конте го имаше во Челзи 2018. Работеше и во Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо, а беше и селектор на Италија.
Comments are closed for this post.