Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер во 2018 година, соопшти прес-службата на националниот тим. За речиси пет пати повеќе од второпласираниот, за играчот на Челзи гласаа 14.974 лица.

По него најмногу гласови 3.801 доби играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Аксел Вицел. Кевин де Бруин од Манчестер Сити е трет со 2.005 гласа.

Претходно Азар беше прогласен и за спортист на Белгија за 2018 година.