Денеска ќе се игра мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија кој предизвикува големо внимание. Иако од бугарскиот клуб велат дека нема да има официјално доаѓање на навивачи и дека 60 билети се додени на пријатели на клубот нема да биде неочекувано во Скопје да пристигнат најрадикалните фанови на „црвените“.
Тие се познати по своето расистичко однесување.Англискиот тренер Алан Пардју пред неколку месеци го напушти клубот поради расистичкото однесување на дел од навивачите.
Познато е и гостувањето на ЦСКА во Рим на дуелот против Рома во Конференциската лига.По улициците на Рим тие отпоздравуваа со раширени раце кренати нагоре, карактеристично за нацистите во Втората светска војна
Comments are closed for this post.