Полицијата беше најмногубројна на мечот помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија кој заврши без голови. На комплексот на ФФМ во Лисиче имаше овеќе обезбедување од публика.

Македонските и бугарските навивачи беа и физички раздвоени на трибините.

Дури и на новинарите не им беше дозволен пристап до навивачите кои беа околу 60. Но, иако се очекуваше дека ќе допатуваат најопасните “тифози” сепак во Скопје допатуваа “нормални” поддржувачи на бугарскиот клуб.

На теренот пак слаба игра со оглед на временските услови и без предност за реваншот следниот четврток.