Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп рече дека неговиот тим е целосно подготвен за дербито во Премиер лигата против Манчестер јунајтед.
Прашан дали очекува Мурињо уште еднаш да го „паркира автобусот“ со намера да го заштити својот гол, иако изјави дека „доаѓа по победа“, Клоп смирено одговори.
Тоа е суштината на фудбалската тактика. Не сум папа што се однесува до тактиката да им кажувам на луѓето што треба да прават. Тоа ви е како Франција на Мудијалот. Имаат играчи како што се Гризман, Погба, неверојатен тим. А играа ли во стилот бам, бам, бам како Шпанија? Не. Одеа на резултат. Дешан направи сè како треба. Како менаџер, морате да го правите она што мислите дека е исправно, смета Клоп.
Ливерпул долго го нема победено Манчестер Јунајтед на Енфилд и на Клоп и играчите е обврска тоа да го поправат, најмногу заради играчите.
Морам ли да победам? Тоа што треба да го направам е да го извлечам најдоброто од тоа што клубот ми го нуди. Ако луѓето велат дека нашиот пат во Лигата на шампиони минатата сезона не бил успешен зошто не победивме во финале, тоа не можам да го сменам. Дали тоа беше успешен крај? Не беше. Но патот беше брилијантен. Влезот во финале е фантастична работа. Ако во сите области од животот го гледаме само крајниот исход, а не трудот кој е вложен, тогаш животот е пос***. Можете да правите што сакате, но не сум паметен како Ајнштајн и никогаш нема ни да бидам, додаде Клоп.
Comments are closed for this post.