На денешен ден, пред точно 31 година, во сообраќајна несреќа кај Инголштад, Германија, загина легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дражен Петровиќ.

Последниот натпревар за Хрватска го одигра против Словенија во квалификациите за Европското првенство во 1993 година.

Репрезентативците на Хрватска се вратија од Полска со авион, но Дражен Петровиќ тргна со својата девојка германска манекенка Клара Шаланци зад воланот. Клара возела црвен голф, а Дражен спиел на совозачкото седиште. Удриле во камион што бил на патот, а Клара не го видела бидејќи видливоста била слаба.

Полицаецот кој ја истражувал несреќата еднаш открил дека тогашната девојка на Дражен, Клара, возела со голема брзина и дека сударот не можел да се избегне.