Постарите љубители на фудбалот сигурно ќе се сетат на Европското првенство во 1992 година кое се одржа во Шведска. Тогаш еден од најголемите фаворити за титулата беше селекцијата на Југославија.

Во неа настапуваа играчи од сите републики, освен од Хрватска и Словенија.Во југословенската селекција беа и нашите Најдоски и Панчев. Но, војните во Југославија веќе беа почнати и Обединетите нации воведоа санкции кои значеа и исклучување од сите спортски настани.

Југословените иако веќе беа отидени во Шведска се вратија дома а УЕФА ги повика Данска која беше втора во групата со Југославија.

Проблем беше што играчите на Данска веќе беа заминати на одмор и мораа да се вратат од плажа.

Но, тоа не им пречеше на браќата Лаудруп, Шмајхел и на останатите победа по победа да дојдат до европската титула.

Бајка која можеби веќе никогаш нема да се повтори. Првата проверка ќе ја има денеска од 18 часот против Чешка.