„Football’s coming home“ ечи во пабовите и домовите во Англија вечерашниот дуел со Украина кои може да ги донесе на чекор до големото финале, нешто што не им успеа во 1996-та кога беа домаќини.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги искажа своите очекувања за натпреварот со Украина во четвртфиналето на ЕВРО 2020.

– Украинската репрезентација е добра екипа. Бев импресиониран од тоа како Андриј Шевченко ја трансформира. На есен, таа имаше неколку несреќни резултати во Лигата на нациите. Но, тие се собраа заедно, покажаа добри резултати против Франција во квалификациите за СП и оваа недела против Шведска. Ако им дадете слободни зони, тие ќе ги користат, имаат опасни напаѓачи. Постигнавме една цел што си ја поставивме самите на себе, но ова не е Еверест. Ние сакаме да продолжиме понатаму, рече Саутгејт.