ПСЖ ќе заработи речиси милијарда евра со новиот историски договор со позната компанија за производство на спортска опрема „Најк“.
Францускиот шампион потпиша нов договор со старо-новиот спонзор, кој ќе трае до 2032 година, а од него годишно ќе заработува по околу 80 милиони евра.

Со последниот договор, ПСЖ се искачи на врвот на листата на европски клубови кои најмногу заработуваат од спонзорите, а со тоа го реши и проблемот во однос на финансискиот фер-плеј.

Инаку, износот од 80 милиони евра што парискиот клуб секоја година ќе ги добива само од „Најк“, ќе му биде добредојден и на старо-новиот спортски директор Леонардо, кој ќе има пари за годинешните засилувања.