Светскиот шампион за 2016 година, Нико Розберг е категоричен дека Себастијан Фетел повеќе нема шанси за титулата. Возачот на Ферари е трет во пласманот, со 76 поени зад Хамилтон и се уште не запишал победа оваа година.

„Мислам дека Фетел нема повеќе шанси за шампионатот. Единствениот со мали шанси е Ботас, но на сите им е јасно дека тоа ќе биде многу тешко“, рече Розберг во видео на својот Јутјуб канал.

Според него, Луис има најдобри шанси да го освои својот шести светски шампионат.

„Тоа ќе биде буквално лудо. Мерцедес пак ќе го освојат својо шести шампионат кај конструкторите, што е навистина феноменално“, додава Германецот.