Капитенот на Аталанта Aлехандро Гомез се обвинува себеси дека можеби тие се виновници за ширењето на корона вирусот во Бергамо и околината.  Според проценките на лекарите токму дуелот меѓу Аталанта и Валенсија кој се одигра на 19 февруари во Милано предивика ширење на вирусот.

Гомез смета дека тој меч можеби требало да се игра без публика но оти никој не можел да претпостави дека ќе се случи толкава епидемија. Никој, вели не го сфаќал вирусот сериозно.

Мислевме дека е тоа обичен грип и сите си продолживме да водиме нормален живот. Згрешивме. Кога околу нас почнаа да умираат луѓе се исплашивме. Некој тој ден на Сан Сиро сигурно бил заразрн. Денешната состојба во Бергамо има врска со тој меч. Во ревашнот во Валенсија никој не не провери, се беше некако опуштено-објаснува Аргентинецот.