Каков меч во Сегедин. Европскиот вицешампион Хрватска не дозволи изненадување со Србија  (23-20) и ги остави надежите за пласман во втората фаза. Српските и хрватските фанови направија одлична атмосфера а долу на теренот искреше на сите страни.

Играчи добро познати, Марсениќ, Циндриќ, Јагањац, Чупиќ,Ѓукиќ кои ги гледавме во дресот на Вардар и Металург пружија одличен меч.

Хрватска го скрши отпорот на Србија во финишот на мечот благодарејќи на поголемото искуство.

Србија само чудо може да ја однесе во втората фаза бидејќи играат против Франција додека Хрватска ќе има рутинска задача против Украина.