Германците повеќе од подготвени до дочекаа Европското првенство.Сѐ функционира како под концец, импровизации не смее да има. Навивачите кои немаат билети мечевите може да ги ги следат во фан зоните во центарот на градот. „Пресинг ТВ“ ви ја пренесува атмосферата во Штутгарт каде настапуваат репрезентациите на Словенија, Данска, Германија, Шкотска, Унгарија и Украина.
Oние пак што имаа среќа да дојдат до билет треба да поминат ригорозни контроли пред да влезат во стадионот.
Поминуваат низ неколку прстени и не смеат да внесат буквално ништо, тврди предмети, електронски цигари, храна. За течност не станува ни збор. Единствено што е дозволено е вода од 0,5 литри.
Ако имате чуствителна кожа, на располање имате и автомати на кои можете да си нанесете крема за сончање. Германците навистина мислат на сите детали.
Comments are closed for this post.