Кошаркарите на Денвер славеа над Лос Анџелес Лејкерс со 108:103 во вториот натпревар од финалната серија на Западната конференција на НБА лигата.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште една монструозна партија и забележа трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 13 асистенции за 42 минути минати на паркетот.

Најефикасен кај домашниот тим беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 37 поени, со 10 скока и пет асистенции.

Кај Лејкерси најмногу се истакнаа Леброн Џејмс и Остин Риверс – двајцата постигнаа по 22 поени.